ПСЖ и оваа сезона ја освои титулата во Лига 1, но за разлика од минатите години, овојпат нема да има организирана прослава. И тоа во чест на својот голман Серхио Рико кој по падот од коњ, сеуште се бори за својот живот.
„Нема да има славење. Зад нас е тешка седмица, сите сме потресени по она што му се случи на нашиот голман. Сета можна позитивна енергија ја праќаме до него, до неговата сопруга, неговата мајка и сите што го сакаат“ изјави Криштоф Галтие, тренерот на ПСЖ.
Тимот од Париз утре во рамките на последното коло се среќава со Клермонт на “Паркот на принцовите“.