Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Марио Геце, го продолжи договорот со клубот на уште една година. Во летото 2022 година, последниот херој на Германија од Светското првенство во Бразил направи трансфер од ПСВ Ајнховен во Ајнтрахт Франкфурт и веќе e еден од најкорисните фудбалери во Бундеслигата.
Во неговата прва сезона во германскиот клуб одигра 45 натпревари, постигна три гола и девет асистенции, а Франкфурт стигна и до финалето на Германскиот куп.
Ова го натера клубот да дејствува, а 30-годишниот играч од средниот ред потпиша предвремено продолжување на договорот иако тој има договор до 2025 година. Со новата соработка екс-репрезентативецот на Германија ќе остане во Франкфурт до 2026 година.