Кенијката Фејт Кипјегон го собори светскиот рекорд на 1500 метри вечерва во Фиренца, откако на митингот од Дијаматнската лига истрча време од 3.49:11 минути.
Досегашниот светски рекорд на 1500 метри датираше од јули 2015 година и беше во сопственост на Гензебе Дидаба (3’50”07), а Фејт Кипјегон успеа да го подобри резултатот на Етиопјанката за скоро една секунда.
Кенијката е двојна олимписка шампионка и двојна светска шампионка, а денеска во Италија имаше совршена трка.