У17: Германија по 14 години повторно е европски шампион! (ВИДЕО)

178

Фудбалската репрезентација Германија до 17 години е нов европски шампион, откако триумфираше за првпат по 2009 година. Вечерва во финалето против Франција, германците славеа по подобро изведување на пенали, откако по 90 минути игра немаше голови.

Одлуката за новиот европски првак падна во последните две серии, кога Французите двапати промашија и не успеаја да го искористат промашувањето на германија уште во првата серија.

На крајот Германија славеше с 5:4 и успеа да го освои златото по пауза од 14 години. Пред 14 години на Европското првенство до 17 години триумфираа подоцнежните светски шампиони со Бундестимот: Марио Геце, Марк-Андре тер Штеген и Шкодран Мустафи.

ПретходноПСЖ потврди: Серхио Рамос си заминува од Париз!
Следно„Дијамантска лига“: Падна светскиот рекорд на 1500 метри!