Алексис Мек Aлистер ќе стане првото ново засилување на Ливерпул. Сè околу трансферот на Аргентинецот е договорено. Oваа недела, таткото на Аргентинецот бил во Ливерпул за да ги финализира деталите од договорот.
Ливерпул ја активираше откупната клаузула на играчот на Брајтон, која изнесува меѓу 55 и 60 милиони фунти. Исполнети се и личните услови на Мек Алистер, откако двете страни се договориле играчот од средниот ред да добива плата од околу 150.000 фунти неделно.
Вчера самиот фудбалер објави објава на социјалните мрежи, со која се чини дека се збогува со Брајтон и неговите фанови.