Тренерот на Атлетик (Б), Ернесто Валверде, потврди дека дефанзивецот Иниго Мартинез ќе го напушти клубот ова лето.
„Засега само Микел Баленсијага најави заминување од клубот, а се шпекулира дека може да има повеќе заминувања, како во случајот со Мартинез“, рече Валверде.
На лето дефанзивецот ќе стане слободен играч, а има намера да направи трансфер во Барселона.
Мартинез (32) е во Атлетик од јануари 2018 година.