Ивановски победник на полумаратонот „Охрид трчаТ“

122

Македонскиот атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски победи на полумаратонот што се одржа денеска низ улиците на Охрид под наслов „Охрид трчаТ“. Ивановски патеката од 21 километар ја мина за 1:11,18 час.

Баклканскиот првак и минатата година триумфираше на истата патека. Втор денеска заврши Албанецот Мамуша, а трет беше Мислими од Македонија.

Во женска конкуренција првото место и припадна на Билшерин Сулејман од Бугарија со време 1.25.01 час. Втора беше Билјана Кираџиева, а трета заврши уште една наша натпреварувачка, Марина Домазетоска.

На седмото издание на „Охрид трчаТ“ учествуваа околу 2000 тркачи од 28 земји.

ПретходноБензема во среда оди во С. Арабија да потпише 200 милионски договор со Ал Итихад!
СледноШкупи од утре во Охрид: Арслан приклучи и неколку младинци во првиот тим