Кошаркарите на Мајами израмнија на 1:1 во финалето на НБА лигата, откако синоќа го совладаа Денвер со 111:108 на гостински терен. Победникот во своите редови го имаше одлично расположениот Гејб Винсент со 23 поени, а одлично издание имаа и Џими Батлер и Бам Адебајо со по 21 поен.
Во редовите на Денвер повторно најдобар беше српскиот центар Никола Јокиќ, кој мечот го заврши со 41 поен, 11 скока и четири асистенции, но остатокот од тимот не го следеше. Џамал Мареј постигна само 18 поени со десет скока, а а Арон Гордон додаде 12.
Ова беше прв пораз за Денвер на домашен терен од 30 март и прв пораз во десет домашни натпревари во плеј-офот. Серијата сега се сели во Мајами, со натпреварот бр. 3 во ноќта меѓу среда и четврток.