Откако вчера и официјално ја заврши соработката со Валенсија, нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ сега е пред вистински крстопат од понуди за продолжение на кариерата.
Дел од најдобро упатените новинари тврдат дека за нашиот репрезентативен „плеј“ се интересираат дури 6 клуба. Во редот „додворувачи“ се Баерн (М), Басконија, Фенербахче и Партизан, но исто така во игра се и неговиот годинешен клуб Уникс Казан каде настапуваше на позајмица, како и уште еден од најдобрите руски тимови, екипата на Зенит од Ст. Петерсбург.
Нено и неговиот менаџерски тим наскоро ќе одлучат која понуда е најдобра за нашиот репрезентативец.