Хорхе Меси: Не верувам дека Лео ќе се врати во Барселона!

582

Иако до вчера говореше едно, дека неговиот син најверојатно ќе се врати на “Камп Ноу“, дека и од Ла Лига има позитивен одговор, најново е тоа што таткото на Лео Меси, Хорхе Меси коуј воедно е и негов менаџер изјавува дека ова е тешко остварливо.

Не верувам дека Лео ќе се врати во Барселона. Не е проблемот во парите, Лео сака да игра и бесплатно за Барса, но тоа е тешко остварливо“ посочи Хорхе Меси.

Дали ова значи дека семејството Меси сепак ќе ја прифати понудата од С. Арабија вредна 1,2 милијарди евра, ќе дознаеме денеска или најдоцна утре.

ПретходноУште една ѕвезда на пат кон Саудиска Арабија!
СледноБурак Јилмаз ја заврши кариерата