Организаторите на Олимписките игри во Париз, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август следната година, се надеваат дека дел од натпреварите ќе може да се одржат и во реката Сена, која треба да биде подготвена дури и за пливачите.
„Тоа е амбициозна цел и никој не знае каков ќе биде квалитетот на водата за време на Олимписките игри. Но, ќе почекаме“, вели Ден Анџелеск, кој од 2017 година работи на проект кој би можел да ја направи реката што минува низ главниот град на Франција повторно погодна за капење.
Најголем ризик е присуството на бактериите E.coli и Enterococcus, кои се најдени во водата. Во текот на неколку денови нивното присуство е веќе намалено на ниво што овозможува пливање, но постои опасност кога дождовницата ќе навлезе во канализациониот систем на Париз и ќе се најде дополнително количество загадена вода во реката. За да избегне ваква ситуација следното лето, Париз на југот од градот гради голем подземен базен со капацитет од 50.000 кубни метри кој би го собирал вишокот дождовница.
Квалификациите за пливачкиот маратон и триатлон треба да се одржат токму на Сена, кај мостот Александар III.










