Струга ТЛ се раздели со Пере и Пенгу!

427

Миклован Пере и Арби Пенгу не се веќе дел од редовите на шампионот. И на двајцата интернационалци од Албанија им истече договорот па раководството на стружани одлучи да не ја продолжи соработката.

Секако дека Струга ТЛ им се заблагодарува и на Пере и на Пенгу што беа дел од минатата, историска сезона за клубот во која беше освоена и шампионската титула.

Инаку попладне од 18 часот шампионот ќе ги стартува погодотовките за новата сезона, пред се настапот во квалификациите за Лигата на Шампионите.

ПретходноЃорческа го заврши настапот на Макарска Опен!
СледноЗдравков: Имавме успешна сезона, што е секако мотив плус за се она што не очекува во иднина во елитата!