Аргентинскиот играч за врска Алексис Мекалистер денеска стана нов играч на Ливерпул. Тој потпиша петгодишен договор со „црвените“ и го зема дресот со број десет, објави Ливерпул на својата официјална веб-страница.
Она што англискиот гигант не сакаше да го прецизира е вредноста на трансферот, а може да изнесува 60.000.000 фунти колку што изнесуваше неговата откупна клаузула во Брајтон, иако претходните денови се споменуваше и многу помала цифра од 40.000.000 фунти.
„Сакав да бидам од првиот ден од подготвителната сезона, па добро е што се е завршено. Со нетрпение очекувам да се сретнам со моите соиграчи. Тоа беше фантастична година за мене, Светското првенство, она што го постигнавме со Брајтон, но сега е време да размислиме за Ливерпул и да се обидеме да бидеме подобри играчи секој ден“, рече Мекалистер на промоцијата.
Мекалистер помина четири сезони во Брајтон и стана еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата.