По ангажманот на Алексис Мекалистер од Брајтон за 35 милиони фунти со уште 20 милиони во форма на бонуси, Ливерпул сега цели на уште двајца фудбалери. На тие трансфери ќе работи новиот спортски директор Јоаким Шмадке, а во прашање се Кефрен Турам и Ману Коне. Кефрен е син на славниот Лилијан Турам, игра за Ница и е еден од најперспективните играчи за врска во Европа.
А Ману Коне има исто години како и Кефрен (22) и е играч од средниот ред, а моментално настапува за Борусија Менхенгладбах, клубот во кој спортски директор е синот на Шмадке.