Калин се пласираше во полуфиналето на турнирот во Скопје!

142

Македонскиот тенисер Калин Ивановски е полуфиналист на фјучрсот во Скопје. Тој за влез во завршницата се пласираше откако неговиот денешен ривал Мирза Башиќ го предаде мечот поради повреда, истегнување на задња ложа.

Инаку, Башиќ вчера го предаде и мечот во двојки со Зекиќ, поради повредата, а во претпладнето беше и на медицински третман, но повредата не му дозволи настап.

Ивановски утре во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Миљан Зекиќ и Ерги Киркин.

ПретходноПрилеп го промовираше Цветаноски!
СледноЕвропските гиганти во јули на претсезонски турнир на шампионите во САД