Погледнете го неверојатниот потег на Алкараз, Ѓоковиќ остана во чудење (ВИДЕО)

1182

Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ го играат полуфиналниот натпревар на Ролан Гарос. Првиот сет го доби Ѓоковиќ, за многумина најдобриот тенисер на сите времиња, а вториот сет се води изедначена битка.

Прекрасни потези изобилува и средбата меѓу двајца врвни играчи, а веројатно најубавата во досегашниот дел од мечот ја потпиша Шпанецот.

Во третиот гем од вториот сет, Ѓоковиќ направи добар напад и се чинеше дека ќе го освои поенот кога испрати долга бекхенд топка кон сервисната линија на противникот. Алкараз во тој момент беше крај мрежата и изгледаше дека е совладан, по што следеше совршен удар.

Шпанецот стигна до топката и пред таа да удри на земја, од навидум невозможна позиција успеа да удри во рекетот за да му се закани на Ѓоковиќ. Сепак, шутот беше перфектен и Алкараз го освои бодот. Ѓоковиќ можеше само да се насмее и да аплаудира.

ПретходноДе Брујне: Не сметам дека Сити е голем фаворит против Интер
СледноШампионот се раздели со Мухареми!