Нов Данец во Пелистер: Првакот го потпиша Андреас Јохан Нилсен!

336

Пелистер продолжува со новитетите за новата сезона во која ќе настапува и во Лигата на шампиони. Малата данска колонија ќе биде побогата за уште еден ракометар.

Андреас Јохан Нилсен потпиша договор на една сезона, со опција за продолжување за уште една ако двете страни дадат согласност. 25-годишниот дански кружен напаѓач доаѓа во Македонија од данскиот прволигаш Морс, висок е 198 сантиметри, тежок 107 килограми и со своите настапи во земјата на светскиот првак во последните неколку години значително се наметна.

Пред да дојде во Морс, Нилсен го носеше дресот на Нордсјеланд, а има свои настапи и во младинските категории на данскиот национален тим.

„Особено задоволство ни е што покрај Кисум, нашиот дрес ќе го носи уште еден дански ракометар во сезоната 2023/24, незаборавајќи ги убавите денови кои во нашата земја ги минаа Себастијан Хенеберг и Ларс Валтер.

Официјалното претставување на Нилсен е предвидено по почетокот на подготовките во Битола“, порачаа од Пелистер. 

ПретходноМожеби Сити е фаворит, но Интер го има Симоне Инзаги кој не губи финалиња!
СледноПопуларната „Жути Арена“ модернизирана во боите на МЗТ Скопје (ВИДЕО)