Шампионот со второ засилување: Го ангажира Арди Идризи од Демирспор

1251

Арди Идризи е ново засилување на Струга Трим Лум. Македонскиот првак за првпат ќе игра квалификации за Лигата на шампионите и се подготвува за европска авантура но и за новата сезона во која ќе ја брани титулата.
Па првото засилување е 19-годишниот фудбалер Идризи кој доаѓа од младинскиот тим на Адана Демирспор од Турција. Тој може да игра како десен бек, но и како играч за врска.

Идризи е второто засилување за шампионот ова лето после албанскиот фудбалер Ментор Мазрекај.

ПретходноЦрвена Звезда осми пат по ред шампион на Србија
СледноЃоковиќ го освои Ролан Гарос и стана најдобар тенисер на сите времиња!