Специјалната комисија на УЕФА го прогласи играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри за играч на сезоната во Лигата на шампионите на УЕФА за 2022/23 година.
26-годишниот фудбалер се појави на сите натпревари за својот тим, освен на еден, а го постигнаи одлучувачкиот гол на синоќешното финале со кој Манчестер Сити дојде до трофејот – европски шампион.
„Ова ми беше сон. Овој момент никогаш повеќе нема да се повтори“, рече тој по прогласувањето на стадионот во Истанбул.
УЕФА денеска го прогласи Квича Кварацхелија од Наполи за најдобар млад играч на сезоната 2022/23 во Лигата на шампионите на УЕФА.
👕✨ Introducing the 2022/23 UEFA Champions League Team of the Season, as selected by UEFA’s Technical Observer panel.
Who would be your captain? ©️🤷♂️#UCL || #UCLfinal pic.twitter.com/tMrT2z3LPQ
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) June 11, 2023