Каљари се враќа во Серија А, Специја се сели во Серија Б

457

Каљари се враќа во Серија А откако во бараж-двомечот со Бари излезе како победник со вкупен резултат 2:1. По ремито 1:1 во првиот меч на домашен терен, тимот на Клаудио Раниери успеа да слави на реваншот против Бари со 1:0 и да се врати во италијанската елита следната сезона.

Одлуката падна во 94. минута на реваншот во Бари, кога фудбалерот на Каљари, паволети погоди за водство и победа. Момците на Раниери се вратија во Серија А една година откако испаднаа од елитата минатата сезона.

Серија А, пак, ја напишта екипата на Специја, која во баражот за опстанок одигран вечерва на стадионот на Сасуоло, загуби со 3:1 од екипата на Верона. Гостите со головите на Фараоне и Нгонге (2) дојдоа до посакуваната победа за опстанок во елитата, додека Специја се сели во Серија Б. Специја имаше шанса да се врати во мечот од пенал при резултат 1:3, но Нзола промаши. Претходно фараони доби црвен картон за Верона, затоа што со раката спречи една топка да заврши во мрежата на неговиот тим.

ПретходноТотенхем со 50 милиони фунти го „лови“ Санчо од Манчестер Ј.
СледноПоранешниот селектор на Македонија нов тренер на Подравка