Новак Ѓоковиќ е прв во светот, каде и да погледнете овој понеделник, тој е прв.
Српскиот тенисер ја освои третата титула на Ролан Гарос, а до 23. Грен слем титула дојде со победата над Каспер Руд со 7:6, 6:3, 7:5. Тој го собори рекордот кој претходно го држеше, но со Рафаел Надал. Сега Шпанецот, кој се обидува да ги залечи повредите и да се врати на теренот, заостанува далеку со 22 освоени титули, а Ѓоковиќ избега на 23 – и не планира да запре.
Тоа не е се. Тој ја започна и 388-та недела на врвот на АТП листата, откако со освојувањето на турнирот во Париз успеа да скокне од третото место каде го стартуваше вториот Грен слем во сезоната.
Данил Медведев беше елиминиран веднаш во првото коло, а Карлос Алкараз и физички и психички „откажа“ кога дојде дуелот со Новак. Сега Ѓоковиќ има 7.595 бодови, додека Алкараз остана втор со 7.175, а Данил Медведев е далеку со 6.100.