Целосен хаос на дуелот помеѓу Флојд Мејведер и внукот на познатиот мафијашки бос (ВИДЕО)

5742

Боксерската легенда Флојд Мејведер синоќа имаше уште еден егзибициски меч, а противник во рингот му беше Џон Готи Трети, внук на познатиот мафијашки бос и поглавар на познатото семејство Гамбино кое го носи истото име. Во шестата рунда настана целосен хаос откако екипите на двајцата борци влетаа во рингот.

Незадоволен од одлуката на судијата Кени Бајлерс да го прекине натпреварот, Готи тргнал да се бори со Мејведер без никакви правила, по што настана хаос.

Мејведер не седеше мирно, реши да возврати и го удри Готи за време на гужвата, а во рингот имаше екипи од двајцата борци кои сакаа да се соочат еден со друг.

По завршувањето на големата кариера во која никогаш не загуби (50-0), Мејведер зема пари со егзибициони дуели, но не привлекува премногу внимание кај боречката јавност бидејќи неговите противници не се достојни за внимание.

Во својата професионална боксерска кариера Џон Готи Трети има два меча и двата ги доби, но сепак претпочита ММА, а во шест борби таму оствари учинок од пет победи и пораз.

ПретходноКалин Ивановски со најдобар ранкинг во кариерата!
СледноНикогаш не паднал толку ниско: Рафаел Надал не е ниту меѓу 100-те најдобри тенисери!