Максимов: Имаме одличен тим, подготвени сме за претстојните предизвици

1022

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска во хотелот Парк го имаше собирот со кој го означи почетокот на подготовките за претстојните контролни натпревари против Ерменија и Малта во Скопје.

Младата репрезентација на Македонија на 15 јуни, со почеток во 17 часот ќе ја одигра првата контролна средба против соодветната селекција на Ерменија. Пет дена подоцна на програмата е вториот контролен дуел, во истото време (17 часот) против репрезентацијата на Малта. Двата натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

Нашите млади фудбалери денеска ќе го одработат првиот тренинг во пресрет на двете контролни пресметки.

Еден од нашите најдобри млади фудбалери, Методи Максимов, даде свое видување и коментар за претстојните натпревари на репрезентацијата на Македонија и моменталната форма.

„Од натпревар во натпревар играме се подобро, растеме и созреваме заедно како тим. Владее одлична атмосфера во репрезентацијата, се надевам дека до почетокот на квалификациите ќе бидеме во одлична форма и ќе се прикажеме во добро светло. Имаме серија на одлични резултати позади нас. Одигравме одличен турнир во Анталија, иако загубивме два пати незаслужено, особено во дуелот за освојување на првото место против Словачка, каде што бевме подобар противник во текот на сите 90 минути. Имаме одличен тим, поседуваме голем квалитет и функционираме добро како колектив. Нормално е дека има простор за напредок, се стремиме од натпревар во натпревар да бидеме се подобри и поконкурентни. Сакаме да ги изненадиме  противници со нашата добра и борбена игра. Треба да веруваме максимално во нас и во нашите можности. Сите како едно треба да продолжиме да се бориме и да даваме се од себе за дресот со државен грб. Сакаме да оствариме две победи против Ерменија и Малта и на одличен начин да ги заокружиме овие подготовки и серијата на контролни мечеви. Моментално се чувствувам одлично на физички план, со мојот клуб Шкендија веќе две и пол недели интезнивно тренираме. Подготвен сум за претстојните предизвици што ме очекуваат со репрезентацијата на Македонија“, вели Максимов.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година, на 8 септември против Шведска ги започнува квалификациите за пласман на ЕП 2025.

ПретходноКадетскиот репрезентативец Георгиев потпиша за Бутел
СледноЛудило во Денвер: Се бара билет повеќе по цена и од 50.000 долари!