Многу им се 100 милиони фунти – Баерн се повлече од трката за Деклан Рајс

242

Раководството на Баерн Минхен нема да му ја исполни желбата на тренерот Томас Тухел и да го донесе англискиот репрезентативец Деклан Рајс од Вест Хем. Раководството на германскиот шампион одлучило да се повлече од трката по фудбалерот од средниот ред, пишува германски „Скај њуз“.

Спортскиот дел на Баерн задолжен за трансферите одлучило да се повлече откако наддавањето за Рајс ја надминала максималната сума која „баварците“ ја планирале да ја дадат за играчот.

Тие не сакале да го следат чекорот на Арсенал кој понудил рекордни 100 милиони фунти, нешто што е неприфатливо за германскиот првак. Па така „топчиите“ сега се во предност за капитенот на Вест Хем.

ПретходноГардијан: Лукаку добил понуда од 20 милиони фунти по сезона од Ал-Хилал
СледноОдбојкарките против Летонија го очекуваат својот најдобар настап и резултат