Клубот кој е основан пред шест години доминантно го освои НХЛ!

211

Хокеарски клуб Лас Вегас Голден Најтс е основан пред шест години, а сега за прв пат во својата кратка историја стана шампион на НХЛ. Лас Вегас го освои познатиот Стенли куп победувајќи против Флорида Пантерс со 4:1 во серијата.

Во решавачкиот петти натпревар Лас Вегас пред домашните навивачи славеше со убедливи 9:3 против Пантерс кои можат да бидат крајно задоволни од сезоната откако стигнаа до финалето како осмопласирана екипа на Источната конференција.

ПретходноИнтер донесе одлука за Един Џеко!
СледноДушебаев се присетува: Трофејот со Вардар е посебен, игравме фантастично во Лигата на шампиони!