Продолжува реконструкцијата во редовите на Македонија Ѓорче Петров. Освојувачот на Купот на Македонија ќе мора да бара замени за двоецот Стефан Лазаревиќ и Есмин Личина кои си заминаа од Ѓорче Петров.
Интересно, пред неколку денови од клубот објавија дека и Лазаревиќ и Личина се согласиле за продолжување на договорите на уште една сезона, а сега приказната е поинаква па играчите ќе си бараат нови клубови.
Лазаревиќ пред две години се врати во Македонија ЃП по „авантурите“ во Скопје, Гостивар, Тетекс, Борец и Вардар.
Стоперот Личина потекнува од школата на Вардар, а во МЃП дојде во јули 2019 година.
Претходно од Ѓорче си заминаа Матиас Лемос и Ѓорѓи Стоилов.
Професионални договори потпишаа Ристе Лембовски и Христијан Поп Антоски.