Фантастично возење на младиот Хорхе Мартин во “кралската класа“ во Мото ГП денеска во Сахсенринг и победа на ГН на Германија. Супер интересно беше во последниот круг, кога во директен дуел го победи светскиот првак Пеко Бањаја кој мораше да се задоволи само со второто мести, буквално Шпанецот за само неколку метри успеа да биде пред Пеко.
На третото место се пласира Хоан Зарко од Франција, инаку сите тројца возат на Дукати кој уште еднаш ја потврди својата доминација.
Ова беше трета победа на Мартин во својата кариера во Мото ГП.