Познати се групите со можните ривали на нашите екипи за 2.квалификациско коло во ЛШ и ЛК

797

Денеска во Нион, во 12 и 13 часот, ќе се одржи ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции. Овие мечеви се закажани за 25/26 јули и 1/2 август за ЛШ и 27 јули и 3 август за ЛК.

Во пресрет на денешната ждрепка од утринава познати се групите со можните ривали за евентуално следната квалификациска фаза за  Струга ТЛ (ЛШ) и Македонија ЃП, Шкендија, Шкупи (ЛК).

Струга ТЛ, како што сакаше вчерашната ждрепка, во 1.квалификациско коло во ЛШ се среќава со Жалгирис (Литванија). Во случај да ги елиминира литванците, тогаш можен ривал на нашиот шампион ќе биде еден од следните екипи:

СТРУГА ТЛ потенцијален ривал за 2.квалификациско коло во ЛШ:

-ГАЛАТАСАРАЈ (ТУР), ЛИНКОЛН (ГИБ)-КАРАБАХ (АЗЕ), БАЛКАНИ (КОС) – ЛУДОГОРЕЦ (БУГ)

МАКЕДОНИЈА ЃП потенцијален ривал за 2.квалификациско коло во ЛК:

АДАНА (ТУР), ВОРКСЛА (УКР), ПАНЕВЕЗУС (ЛИТ) – МИЛСАМИ (МОЛ), САБАХ (АЗЕ), ОРДАБАСИ (КАЗ)

ШКЕНДИЈА: ТОБОЛ (КАЗ) – ХОНКА (ФИН), Б36 ТОРШАВН (Ф.ОСТ) – ПАИДЕ (ЕСТ), ДРИТА (КОС), БОРАЦ (БИХ), ДИФЕРДАНЖ (ЛУК)

ШКУПИ: ЛА ФИОРИТА (СМР) – ЗИМБРУ (МОЛ), БАЛЗАН МАЛ) – ДОМЖАЛЕ (СЛО), БЕИТАР (ИЗР), ЛЕВСКИ (БУГ), ГАБАЛА (АЗЕ)

Во случај на елиминација на Струга ТЛ во 1.квалификациско коло во ЛШ, тогаш стружани за 2.квалификациско коло во ЛК ќе добијат еден од следните ривали:

поразените од двојките во ЛШ: Балкани (Кос) – Лудогорец (Буг), Хелсинки (Фин) – Ларне (С. Ирс), екипа од прелиминарна група.

ПретходноСпорт: Модриќ потпиша за Реал, но може да се случи повеќе да не игра за нив
СледноДи Марија се договорил со Бенфика!