Македонската женската репрезентација до 19 години беше убедливо поразена на првиот натпревар од подготвителниот турнир во Дабаш. Домаќинот, Унгарија славеше со убедливи 44-18. Избраничките на Јулијана Дамческа одиграа крајно лошо во првото полувреме, постигнаа само три гола, дадоа 27-3. По одморот беа подобри во вториот дел, но тоа не беше доволно за нешто повеќе. Македонија утре ќе ги одмери силите со Холандија.
Сара Стефаноска со шест гола беше најдобар стрелец. Ива Младеновска запиша четири погодоци.