Уште еден пех по оној катастрофален и тешко поднослив пораз на македонската фудбалска репрезентација на Олд Трафорд против Англија од 7:0.
Нашиот репрезентативец Стефан Ашковски во дуелот со Хендерсон се здоби со повреда која што ќе го оддалечи од терените еден месец.
Играчот на грчка Ламиа ќе мора да се опоравува летово, па потоа да стартува за подготовките за следната.
Од друга страна пак, капитенот Стефан Ристовски и покрај тоа што се здоби со расекотина на главата, па лекарскиот тим мораше да интервенира, нема поголеми последици.