ФИФА го одложи изборот на домаќин на СП 2030

174

Меѓународната фудбалска асоцијациа (ФИФА) го одложи изборот за домаќин на Светското првенство за мажи во 2030 година поради несогласување околу правилата за наддавање, како и датумот на конечното гласање.

Изборот на националната федерација која ќе биде домаќин на овој Светски куп беше поместен за последниот квартал од 2024 година, наместо првично планираниот состанок во септември следната година.

Правилата за кандидатурите треба да бидат финализирани на состанокот на Советот на ФИФА пред крајот на октомври, соопшти организацијата, а се очекува „потоа и официјално да започне процесот на наддавање“.

ПретходноХрватски репрезентативец ќе му биде соиграч на Барди во Трабзонспор
СледноАлександар Стојаноски на голот на Бутел Скопје!