Македонските боксери го завршија настапот на Европските игри во Краков, Полска. Денеска последната надеж ја имавме во Арјан Исени кој загуби уште во квалификациите во категоријата до 80 килограми од грчкиот боксер Михаил Цамалидис со 5:0.
Вчера првата рунда не успеаја да ја минат уште двајца наши боксери. Во категоријата до 57 кг. Ален Рустемовски загуби од Ибрахим Махмуд (Шведска) 1-4, додека во категоријата до 63,5 килограми, Илхан Озмен убедливо беше поразен од Џанлуиџи Малања (Италија) 0-5.