Хјуз стана најбрзиот Британец, го собори рекордот стар 30 години

141

Линфорд Кристи на СП 1993 година постави британски рекорд на 100 метри со време од 9,87 секунди. Утринава на Гран при во Њујорк, Зарнел Хјуз успеа да го урне и да стане најбрзиот Британец. Тој ја истрча патеката за 9,83 секунди што е нов британски рекорд но и втор најбрз европски атлетичар по Италијанецот Марсел Џејкобс кој на ОИ во Токио во 2021 година истрча во време од 9,80 секунди.

Се разбудив со 9,83 во мислите. Потоа кога ја истрчав патеката погледнав на семафорот и таму пишуваше 9,83. Не можев да поверувам што се случи. Не дојдов тука да уривам рекорди, само сакав да трчам брзо. Не си велев, ајде направи перфектно време. Релаксирано и со уживање ја истрчав патеката, а тоа што е најдобро британско време е дополнителен плус“, изјави Хјуз.

 

ПретходноРељиќ во четвртфиналето на ЕИ во Краков
СледноВторолигашот Детонит се засили со Рушити