Роби Кин стана тренер на најтрофејниот израелски клуб

154

Поранешниот ирски репрезентативец Роби Кин е назначен за нов тренер на најтрофејниот израелски клуб Макаби Тел Авив. Најдобриот ирски стрелец потпиша двегодишен договор со Макаби и ќе дебитира во квалификациите за ЛК идниот месец.
Макаби има 23 шампионски титули во Израел, а минатата сезона заврши третопласиран под раководство на поранешниот шпански интернационалец Аитор Каранка. Макаби два пати играше во групите на ЛШ.
На Роби Кин ова му е прва самостојна тренерска работа. Оваа година кратко работеше како асистент во Лидс Јунајтед, а претходно асистент во Мидлсбро и асистент во репрезентацијата на Ирска.

ПретходноЈасикевичиус ја напушти Барса, Гримау е новиот тренер
СледноШкупи ремизираше со Егнатиа на вториот тест меч