Холивудските актери и газдите на Милан купија 24% од акциите во Ф1 тимот Алпин

242

Рено објави дека е извршена продажба на дел од Формула 1 тимот Алпин. Според информацијата, група инвеститори во која се вклучени холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени, кои се сопственици на фудбалскиот клуб Рексам, инвестирала во Алпин и добила околу 24% од акциите.

Интересно во групацијата се и Отро Капитал и РедБрд Капитал, компанија која претходно го купи фудбалскиот тим Милан.

24% од акциите на Ф1 тимот на Алпин се продадени за 200 милиони евра. Сега цената на Алпин се проценува на 833 милиони евра.

ПретходноЖдрепка: Е. Пелистер денеска ќе ги добие противниците во Лигата на шампионите
СледноРеал и Винисиус потпишуваат нов договор со клаузула од 1 милијарда евра!