Еден од голгетерите во ВМФЛ конкуренцијата за изминатата сезона, Антонио Каланоски и официјално се врати во тимот на Силекс. Она што го најави Спортмедиа уште пред неколку дена денеска кратовци го потврдуваат.
Каланоски ќе го одработи својот втор мандат во тимот на Силекс и го комплетира напаѓачкото дуо заедно со Марко Ѓорѓиевски.
Во Кратово денеска или утре се очекуваат уште едно до две нови имиња.