Македонскиот репрезентативец и интернационалец Ердон Даци потпиша нов договор со белгискиот тим Вастерло. Неговиот актуелен „дил“ беше важечки до следната година но раководството на клубот е задоволно од него, па поита истиот да го обнови.
Во моментов Даци се опоравува од повредата на лигаментите, и наскоро треба да се врати на терен.
Тој е еден од редицата повредени наши репрезентативци како Миовски, Костадинов, кој не можеа да помогнат на стартот на квалификациите за Европското првенство.