Македонскиот шампион Струга ТЛ доживеа пораз од тимот на Партизани во пријателски меч одигран на Градскиот стадион во Подградец. Тимот од Тирана славеше минимално, со резултат 1:0 со гол на Менса во второто полувреме.
Претходно Струга одигра 2:2 со косовскиот првак Балкани во Охрид. Следниот меч на стружани е против Тирана на 5 јули исто така во Подградец.