„Лавовите“ губеа со 3:0, па во последните 20 минути стигнаа до реми

825

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Македонија Ѓорче Петров одигра луд натпревар против словенечки Радомље за време на подготовките во Словенија. „Лавовите“ лошо тргнаа на мечот, по првото полувреме имаа негатива од 2:0, а на почетокот на вториот дел и 3:0.
Сепак, во финишот македонскиот тим успеа да се врати и тоа со три гола во период од 69 до 90 минута.  Головите ги постигнаа С. Фазли 69′ и 79′ К. Стојкоски 90′.

Ова е втор меч за МЃП на подготовките во Словенија, во првиот беше поразен од Цеље со 2:1.

ПретходноЈунајтед се договори со Челзи, за Маунт ќе плати 60 мил.фунти
СледноВтора победа на турнирот во Гевгелија: По Црна Гора, јуниорите подобри и од Израел