Израел во полуфинале на Европското младинско првенство

205

Бајката на Грузија заврши, но продолжува на Израел на Европското младинско првенство. Израел се пласираше во полуфиналето откако на пенали го елиминира домаќинот Грузија со 4:3. Мечот кој се играше во Тбилиси заврши без голови, па победникот го одлучуваа пеналите.
Израелците ги погодија сите удари од белата точка, а за Грузија промашија Гагуа во третата серија и Квадаџиани во петтата.
Израел во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Англија-Португалија кој се игра утре.

Oва е второ учество на Израел на младинско ЕП и најголем успех до сега.

ПретходноДрагарски и Фитон ја уште посилна Беса
СледноХоландска легенда стана тренер на турски клуб