Откако заврши со одисејата во Пјуник, Стефан Спировски својата кариера ја продолжува во Етникос Ахна, тим од Кипар. Денеска кипарскиот клуб и официјално го промовираше македонскиот играч за врска кој во последно време не беше дел од селекцијата поради мала минутажа и не играње во тимот од Ерменија, па затоа овој трансфер му беше неопходен.
Инаку Стефан Спировски и порано има играно на Кипар, и тоа во тимот на АЕК Ларнака пред три години, а да потсетиме дека беше дел од златната генерација на Вардар, но не играше во Лигата на Европа зошто во август 2017 година направи трансфер во Ференцварош (Унгарија).