Данската телевизија го наместила Начевски, „Кинезот“ е најмен глумец (ВИДЕО)

10209

По објавата на данската ТВ 2 за учество на Драган Начевски во местени натпревари, ЕХФ одлучи да го суспендира првиот човек задолжен за судиите. Некаде во јануари оваа Телевизија излезе само со текст, а потоа и со неколку натпревари за кои се верува дека биле наместени, а во истите „прсти има замешано“ токму поранешниот македонски судија.

ЕХФ веднаш не реагираше, но потоа дојде неизбежното – на Начевски му додели суспензија од должноста.

ТВ2 денеска на својата официјална страница објави дел од разговорот на Начевски со „Кинезот“, кој всушност се претставува како кинески бизнисмен, но тој е лице ангажирано од страна на самата телевизија, а сето ова се случува за време на ЕП 2020 година.

На понудата од страна на измислениот кинески бизнисмен, Начевски го вели следното.

„Знам што сакаш да кажеш. Тоа е многу чувствително. Има многу дискусии за обложувањето и работите што се случуваат, но господине Џенг, јас нема да бидам премногу вклучен во ова. Не значи дека се плашам, но во принцип е малку ризично. Во ракометот го имаме овој Спортрадар кој работи заедно со обложувалниците и кој се вклучува во Европската ракометна федерација за сите информации поврзани со обложувањето во врска со некои натпревари. Следат и знаат што се случува. И затоа велам не на ваков бизнис во моментов. Да бев помлад и само да ги бркам парите, дефинитивно ќе размислував за тоа“, е одговорот на Начевски.

Дел од ова интервју можете да го видите на следниот ЛИНК. 

ПретходноЈанис не игра на Мундобаскетот!?
СледноПрвиот човек на ПСЖ: Нема да дозволиме Мбапе да си оди без пари!