Динамо Букурешт го откупи договорот на Цупара и го доведе српскиот репрезентативец една година пред првичниот план.
Одличниот голман требаше да се пресели во Букурешт во летото 2024 година, но романскиот шампион плати отштета и го забрза трансферот. Од друга страна, како замена за него, Веспрем ја доведе шпанскиот голман Игнасио Биоска, кој пристигнува од Висла.
Цупара е член на Веспрем од 2019 година, кога пристигна од Кјелце. За унгарскиот гигант одигра 174 натпревари, освојувајќи едно првенство, три Купа, три СЕХА-лиги, со две учества на фајнл-форот на Лигата на шампионите во Келн.
Со Динамо Букурешт Владимир потпиша договор до летото 2026 година.