И тоа каква “бомба“ се спрема во Партизан. Имено Ник Калатес, еден од најдобрите плејмејкери во Европа е многу блиску до потпис со Партизан.
Јасно е дека овој можен трансфер е по налог на стратегот на “црно-белите“ Жељко Обрадович кој со грчкиот кошаркар има работено во Панатинаикос и Фенербахче, а заедно ја имаа освојувано и Евролигата, па сега се прават напори заедно тоа да го сторат и во Партизан.
Инаку Калатес досега беше член на Фенербахче, но нема да биде веќе во Истанбул, па ете ја можноста да потпише во Партизан.
Да кажеме дека покрај Пао и Фенер, Калатес има играно и за Барселона