Ужас: Млад бразилски фудбалер кој исчезна пред 10 дена, пронајден е распарчен и без глава!

1433

Ужасни, шокантни вести ни доаѓаат од Бразил. Имено според тамошните медиуми, пронајдено е телото на младиот бразилски фудбалер Винициус Скулни (19) и тоа распарчено и без глава. Телото на несреќниот млад Бразилец е пронајдено во бразилската држава Мато Гросо. Инаку потрагата по исчезнатиот фудбалер траела десет дена.

Толку било тешко телото да се препознае доказ е тоа што неговите блиски го препознале само по тетоважите. Телото му било распарчено, а делови од него,како главата ја немало.

Интересно е тоа што не се наведуваат други детали за оваа ужасна несреќа, во кој клуб играл тинејџерот, освен дека бил фудбалер.

ПретходноПетарда: “Фуријата“ ја понижи Украина и си закажа финале со Англија!
СледноНекогашниот “пират“ Рашид Содик за уште посилен Работнички! (ФОТО)