Петарда: “Фуријата“ ја понижи Украина и си закажа финале со Англија!

433

Шпанија – Англија е финалето на У-21 ЕП кое се одржува во Грузија и Романија. Вечерва во Букурешт, во полуфиналето на европскиот шампионат, шпанските надежи со 5:1 просто ја растурија Украина и си тоа си закажаа финале со Англија која претходно во првото полуфинале славеше против Израел.

Интересно, Украина поведе со 1:0 и тоа со голот на Бондаренко во 13.минута по асистенцијата на Мудрик.

Шпанија брзо се врати во игра, преку Руиз во 17.минута израмни, за да потоа со головите на Сансет, Бланко, Ороз и Гомез славеа со убедливи 5:1.

Финалето е закажано за во сабота во Батуми. Секако дека тоа ќе биде спектакл, дуел меѓу Шпанија и Англија, две фантастични млади селекции.

ПретходноСтартуваше реконструкцијата на „Алијанц Арената“ во Минхен! (ВИДЕО)
СледноУжас: Млад бразилски фудбалер кој исчезна пред 10 дена, пронајден е распарчен и без глава!