Вавринка на 38 години испиша историја на Вимблдон

777

Легендарниот Швајцарец Стен Вавринка (38) го победи аргентинскиот тенисер Томаш Мартин Ечевери во второто коло на Вимблдон и сега го чека Новак Ѓоковиќ, кој сака да го освои 24. Грен слем во Лондон.

Швајцарецот, кој има три Грен слем титули (Австралија Опен 2014, Ролан Гарос 2015 и УС Опен 2016), но нема Вимблдон, испиша историја со пласманот во третото коло на турнирот. Тој стигна до третото коло на точно 38 години и 100 дена, што го прави третиот играч кој во последните 45 години што стигнал до таа фаза на возраст од 38 години. Пред него успеаја само Џими Конорс (1991) и Роџер Федерер (2021).

Исто така, Вавринка по 27. пат ќе игра против Ѓоковиќ, со што српскиот тенисер ќе стане противник со кој Швајцарецот се соочил најмногу пати во кариерата.

ПретходноЧави: Треба повеќе да се засилиме, но ситуацијата е комплицирана
СледноЦезар Аспиликуета го измами Интер и потпиша за друг клуб!