Екипата на Каменица Саса вчера ги зпаочна подготовките пред новата сезона во Втората македонска лига, но со ново тренерско име. Како што потврдија од клубот, следнава сезона предводник на „зелено-црните“ ќе биде Баже Јанакиевски.
Станува збор за млад стратег кој го презема составот од Македонска Каменица. Јанакиевски минатата сезона работеше како тренер на екипата на Локомотива од Скопје.
По првата фаза од подготовките, Каменица Саса во втората половина од месецов ќе ги закаже и првите контролни натпревари.










