Гринвуд ќе оди на позајмица во Аталанта

401

Како дел од дилот во кој Расмус Хојлунг треба да се пресели од Аталанта во тимот на Манчестер Јунајтед, информациите се дела Мејсон Гринвуд треба да се упати накај Бергамо. Проблематичниот напаѓач едвај се извлече од затвор, откако беше обвинет за насилство од страна на неговата девојка, па изминатиов период мислеше на се само не на фудбал.

Тој проблем за него имаше среќна завршница, па сега Гринвуд кој сеуште е екстремно млад бара решение како да ја продолжи неговата некогаш сериозно ветувачка кариера. Ете, Аталанта му подава рака на спасот, која очигледно во Гринвуд гледа потенцијално засилување.
Од друга страна пак Манчестер Јунајтед бара решение што да прави со напаѓачот кој секако пред скандалот имаше сериозен долгорочен договор. Сега, најпрво секако би одел на позајмица.

 

ПретходноИ Симеоне се сели во С. Арабија, ќе му биде тренер на Џани Алиоски во Ал-Ахли?!
СледноИма ли некој да го сопре овој човек: Новак убедлив против Вавринка за пласман во 1/8 финалето!