Адили и Клечкаровски во нападот на ГФК Охрид

448

Екипата на Охрид претстави уште двaјца нови играчи за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Нови членови се Мурат Адили и Игор Клечкаровски. Тие ќе го сочинуваат новиот напаѓачки тандем, со кој екипата одново ќе се бори за пласман во елитата.

Претходно нови договори со Охрид потпишаа Ајрадин Цуцули и Љупчо Трпески, а клубот го напуштија Роберт Митев, Бурхан Алији и Шериф Реџепи.

Да потсетиме дека Охрид заврши на второто место на табелата во ланската сезона и играше бараж за влез во најсилното друштво, но драматично испадна од Ренова.

 

ПретходноЛестер си купи играч за врска од Лил за 17 милиони фунти
СледноПелистер со унгарски репрезентативец на голот